Интерент-проверка на барањата во Катастар

Bez autora
Feb 07 2011

Во Катастарот во Скопје, Кавадарци и во Неготино граѓаните преку Интерент ќе можат да проверат до каде е решавањето на нивното барање, како и да пребаруваат податоци од Катастарот за земјиште. Ова се две нови услуги што ги воведе Агенцијата за катастар на недвижности, со цел да се скрати времето и трошоците на граѓаните и на фирмите. По поднесување на барањето на шалтер, граѓаните ќе можат да проверат дали е решено, дали е во постапка на решавање или е одбиено, директно преку интернет-страницата на www.katastar.gov.mk и преку лозинката што се добива на потврдата за прием на документи. Доколку странката има забелешка, поплака, коментар или прашање поврзано со барањето, може да се обрати на наведените и-мејл адреси. Засега услугата можат да ја користат странки што ќе поднесат барање во Центарот за катастар на недвижности - Скопје и во подрачните одделенија во Кавадарци и во Неготино. Во наредните месеци оваа услуга постепено ќе се имплементира и во останатите 27 подрачни одделенија.

Интерент-проверка на барањата во КатастарВо Катастарот во Скопје, Кавадарци и во Неготино граѓаните преку Интерент ќе можат да проверат до каде е решавањето на нивното барање, како и да пребаруваат податоци од Катастарот за земјиште.

Ова се две нови услуги што ги воведе Агенцијата за катастар на недвижности, со цел да се скрати времето и трошоците на граѓаните и на фирмите.

„По поднесување на барањето на шалтер, граѓаните ќе можат да проверат дали е решено, дали е во постапка на решавање или е одбиено, директно преку интернет-страницата на www.katastar.gov.mk и преку лозинката што се добива на потврдата за прием на документи“, објаснуваат од Катастар при самото поднесување на барањето.

Доколку странката има забелешка, поплака, коментар или прашање поврзано со барањето, може да се обрати на наведените и-мејл адреси. Засега услугата можат да ја користат странки што ќе поднесат барање во Центарот за катастар на недвижности - Скопје и во подрачните одделенија во Кавадарци и во Неготино. Во наредните месеци оваа услуга постепено ќе се имплементира и во останатите 27 подрачни одделенија.

Услугата „Пристап до податоците“ од Катастарот на земјиште е наменета за трговците поединци - овластени геодети и за трговските друштва за геодетски работи, кои ќе можат да пребаруваат и да пристапуваат до податоци од земјишниот катастар, за изготвување геодетски елаборати за излагање на оние недвижности што останале со незапишани права во постапката на систематското излагање.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik